понеделник, 28 ноември 2016  |  Вести денес: 40

Неколку скопски населби утре без струја

Без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Карпош, Ѓорче Петров, Гази Баба, Бутел, Кисела Вода, Шуто Оризари и Сопиште, соопшти РЦУК на Град Скопје по известување од ЕВН Македонија АД.

струја

Поврзани вести

Во периодот од 08.30 до 10.30 часот, без електрична енергија утре ќе бидат дел од корисниците од ул. „Букурешка“ во општина Карпош, а во периодот од 08.30 до 11.00 часот, корисниците од ул.„Адолф Циборовски“ бр.40 и улиците „Исаија Маџовски“ и „1250“ во општина Ѓорче Петров.

Без електрична енергија во периодот од 08.30 до 13 часот, ќе бидат корисниците од селата Раштак и Булачани во општина Гази Баба ), како и корисниците од село Љуботен во општина Бутел, а во периодот од 9 до 12 часот, корисниците од ул. „Вера Јоциќ“ од бр.31 до бр.41 во општина Кисела Вода, како и дел од корисниците од улиците „Гвадалахара“, „Метохиска“, „Индира Ганди“ и пат за село Оризари во општина Шуто Оризари.

Во периодот од 9 до 14 часот, без струја ќе бидат корисниците од село Горно Соње во  општина Сопиште, во периодот од 11 до 14 часот, корисниците од ул.„Ацо Шопов“ бр.13 во општина Карпош, од 11.30 до 12 часот, дел од корисниците од улиците „Франц Прешерн“ и „Иван Цанкар“ во општина Карпош, од 12.30 до 13.00 часот, корисниците во ул. „Вич“ бр.24 во општина Карпош, од 12.30 до 15.30 часот, корисниците од ул.„Киро Крстевски“ бр.32а и 32б во општина Кисела Вода, од 13.30 до 14 часот, дел од корисниците од улиците „Волгоградска“ и „Никола Парапунов“ во општина Карпош, а од 14.30 до 15 часот, корисниците од ул. „Никола Парапунов“ бр.3 во општина Карпош.

Најчитани вести