Неколку скопски општини утре без струја

Заради технички зафати во електросистемот утре ќе има времен прекин на струја во скопските опптини Шуто Оризари, Карпош, Центар, Ѓорче Петров, Кисела Вода и Аеродром.

Утре од 9 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од ул. „Индира Ганди“ во  општина Шуто Оризари, од 9 до 15 во село Пагаруша  во општина Сарај и  на улиците „Скупи“ и „12“ во општина Карпош.

Во периодот пак од 11  до 15 часот ќе нема струја на дел од ул. „Кленоец“ во Општина  Карпош, од 8 до 12 часот на ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 68 во општина Центар, од 9 до 12 часот во село Кучково во Општина Ѓорче Петров, од 9 до 13 часот ул. „Жванска“ во општина Кисела Вода, од 9 до 12 часот ул. „Спиро Гулапчев“ во општина Кисела Вода) и од 13 до 15 часот дел од улиците „Илија Димовски Гоче“ и „Аврора“ во Општина Аеродром