Неколку скопски општини утре без струја

Од 8:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат потрошувачите од Драчево во местото Речиште, ул. „Герника“, а од 9:00 до 11:00 часот  и корисниците од Јурумлери, Расадник, Лисиче, Графохартија, Хлорителна Јурумлери, Вид и Водна Вардар, дел од Долно Лисиче во општините Гази Баба и Аеродром.

Без струја од 9:00 до 15:00 часот ќе останат корисниците од под улица 20 од бр. 45 до бр.65 во Сарај и О.У. „Дитурија“, а од 11:00 до 15:00 часот потрошувачите од село Горно Матка во општина Сарај.

Од 9:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат потрошувачите од ул. „Воин Драшкоци“ бр:33 во општина Ѓорче Петров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.