Неколку скопски села и Шуто Оризари утре без струја

Дел од корисниците од улиците „1“, „6“ и „7“ во село Батинци утре од 9 до 13 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 10 до 14  часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Светово, од 8:45 до 15 часот  корисниците од излезот од село Арачиново кај долното училиште, населбата под општината кај новата џамија, зградата на општината и делот покрај каналот, како и фирмите ДМ Транс и ЈСЦ Шпед.

Во периодот од 8:30 до 12:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат и корисниците од улиците „Карбуница“, „Индира Ганди“, „Дринска“, „Виетнамска“, „Гарсија Лорка“, „Гвадалахара“, „Брсјачка Буна“, „Галичица“, „Патис Лумумба“, „Кипарска“, „Клисурска“, „Нов Живот“, „Моравска“ и „Рељо Шестокирло“ во општина Шуто Оризари.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутвната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.