Неколку скопски села утре без струја

Поради технички зафати што утре ќе ги вршат екипи на ЕВН Македонија АД, привремено ќе биде исклучена струјата во неколку села во Скопско, извести Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

Од 9 до 12 часот без струја ќе бидат потрошувачите од улица 1 во селото Студеничани, а од 12.30 до 15 часот ќе биде исклучена струјата на улицата 2 во истото село.

Од 9.30 до 12.30 без струја ќе бидат потрошувачите од селата Арнакија, Семениште, Ласкарци, Паничари, Глумово, Шишево, Горна Матка и Долна Матка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.