Неколку скопски улици денеска без вода за пиење

Неколку скопски улици денеска ќе бидат без вода за пиење поради санирање на дефекти, информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Поради дефект на водоводна мрежа профил ф-80 милиметри на улица Наум Охридски, без водоснабдување ќе останат дел од корисниците од истоимената улица од 10,10 часат па се до санирање на дефектот.

Поради дефект на водоводна мрежа профил ф-400 милиметри на улица Методија Андонов Ченто дел од корисниците од населбата Ченто ќе имаат намален притисок  од 10,45 часот па се до санирање на дефектот.

Поради дефект на водоводна мрежа профил ф-2 цола на улица Сава Ковачевиќ крак 25 број 109, без водоснабдување ќе останат корисниците од крак 25 и 27  од 11:00 часoт па се до санирање на дефектот