Неколку скопски улици денеска без вода

Поради изведување на технички приклучоци и санирање дефекти, од ЈП Водовод известуваат дека денеска без вода ќе бидат корисниците од неколку скопски улици.

Поради изведување на приклучоци на улица Јајце број 80, денеска година од 09:30 часот па се до нивно завршување без водоснабдување ќе останат дел од корисниците од истоимената улица.

Поради дефект на шибер затварач профил ф-150 милиметри на улица Драчевска во с.Драчево, без  водоснабдување ќе останат корисниците од с.Драчево од 09:00 часот па се до санирање на дефектот

Поради дефект на водоводна мрежа профил ф-100 милиметри на булевар Јане Сандански бр.49, без водоснабдување ќе останат корисниците од број 15 до 53 од 10:10 часот па се до санирање на дефектот.

Поради изведување на приклучок профил Ф-75 милиметри на булевар Партизански одреди број 34, без водоснабдување ќе останат дел од корисниците од булеварот Партизански одреди, Црвена Вода и Рузвелтова  од 10:45 часот па се до изведување на приклучокот.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.