Неколку скопски улици утре без струја

Заради технички зафати во електро-системот,  утре без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата Џон Кенеди (од 8:30 до 14:30 часот) и од околината на  Јаја Паша Џамија и улицата Цветан Димов бр. 190 (од 10 до 13часот).

Исто така, без струја ќе биде и улицата Теодосиј Синаитски (9– 11:30 часот), дел од улицата Демир Трајко (9:50 – 10:50 часот, како и улицата Чедомир Миндеровиќ (9 – 12 часот).