Неколку совети како да го избегнете мамурлакот по Нова година

Бидејќи не постои вистински лек против мамурлакот по пречекот на Нова година, еве неколку совети како најлесно да го преживеете први јануари, како што се конзумирање на кафе, внесување што е можно повеќе вода или умерено конзумирање алкохол. Веќе одобрен и познат метод за намалување на лошите ефекти од алкохолот е кафето.

Најдобро е да испиете кафе четири часа откако ќе се напиете алкохол, бидејќи тогаш почнуваат главоболките. Другиот лек е внесувањето на течности, односно рехидратација на телото. Најчесто се препорачува вода, овошни сокови и чај од ѓумбир, како и некои енергетски напитоци. Некои научници ја советуваат водата од кокосов орев, бидејќи тага телото побрзо закрепнува.