Неколку совети како да останете во форма за време на празниците

Доколку сакате да уживате и да се опуштите, а сепак да не претерате со обилните оброци, еве неколку совети што навистина би можеле да ви помогнат.

Кога станува збор за храната, Велигден би требало повеќе да ве загришува од Божиќ. По зимските празници сите имаме време за да се вратиме во форма и да се избориме со вишокот килограми, но по Велигден, летото е навистина премногу блиску.

Појадок

Кога ќе помине појадокор, тешко можете да го контролирате она што потоа ќе се појави на масата. Затоа, за да немате проблеми подоцна, внимавајте што консумирате за појадок. Одличен избор би можел да биде зелениот кашест сок. Во блендер ставете банана, 300 мл вода, 100 гр шумско овошје, 2-3 листа спанаќ, 1 лажичка кафеав шеќер и миксајте околу 2- 3 минути.

Консумирајте повеќе вода

Исечете повеќе парчиња лимон и ставете по едно во чаша вода која ќе ја пиете во текот на денот. Тоа ќе му помогне на црниот дроб да ги елиминира токсините, но и ќе го забрза вашиот метаболизам. Исто така, потрудете се многу повеќе да консумирате вода, отколку газирани пијалоци или сокови со премногу шеќер.

Чинија полна зеленчук

Пред да почнете да се насладувате со чоколадните јајца, водете грижа дека на вашата трпеза освен варени јајца и шунка, треба да имате и доволно зеленчук. Млад кромид, роткивица, мешана салата. Во секој случај подобро е да претерате со додатоците, отколку со она што потоа ќе следи.

Внимавајте на порциите

Без разлика што се празници, вашата чинија треба да биде поделена на половина, која е наменета за зеленчук, една четвртина наменета за јаглен хидрати и четвртина наменета за протеини. Ако навистина морате, тогаш напиете се вино, но никако пиво.

Колачите оставете ги за крај

По добриот и хранлив зелен појадок, големата количина течности и зеленчукот, едноставно нема да може да претерате со консумирање на колачи. На крај можете да се почестите себе си и со чаша „нездрав“ пијалок или со слатки и колачи.