Неколку совети за незаборавен оргазам

За незаборавен оргазам морате малку и да се потрудите, не е доволно само да чекате да дојде сам од себе. Еве како да го постигнете оргазмот за паметење…

Никогаш не е добра идеја да ја прескокнувате предиграта. Дури ако сте еден од оние што не сакаат да губат време, сметате дека вашиот партнер или партнерка несакаат предигра или едноставно не сте сигурни што би требало да направите, прескокнувањето на предиграта нема да ве доведе до незаборавен оргазам.

Секако, со ова тврдење несакаме да кажеме дека сексот на брзина не е добар и дека неможе да доведе до жесток оргазам.

-Некои луѓе сметаат дека самиот сексуален чин е главниот настан, но оние поискусните во сексот знаат дека често предиграта е поважна и подобра од сексот, вели сексологот Сари Локер.

Во прилог на нејзиното тврдење оди и истражувањето кое што покажало дека на мажите и на жените им треба 18 минути предигра за на крај да го доживеат целосното задоволство.

-Од бакнежите, допирите па и од оралниот секс можете да почувствувате големо возбудување, кое што понекогаш може да биде посилно, пожестоко и повозбудливо од самиот секс. Клучот на секоја предигра е во тоа добро да размислите за тоа што сакате и што ве „пали“. Во тој случај многу е важна комуникацијата помеѓу партнерите и откривањето на скриените желби и фантазии, вели Локер.

За да го зачините сексуалниот однос можете да експериментирате и со петте сетила.

-Намалете ја светлината, напрскајте се со омилениот парфем, играјте се со храната за време на предиграта и наизменично користете груби и нежни допири, советува Локер.