четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 0

Неколку совети за подобро здравје во студените зимски денови

zima

Последни вести

Зимата и студените денови се непријатели на здравјете, вирусите и инфекциите се опасни за ослабениот имунитет.

Затоа, практикувајте ги овие едноставни совети, за зима без настинки.

Опуштете се и релаксирајте се

Покрај студеното време овој период од годината е карактеристичен и по депресивноста што ја носи со себе, затоа обидете се колку што можете повеќе да се ослободите од стресот и да се опуштите, како на пример со некој добар филм во вашиот топол дом.

Спијте по  осум  часа дневно

Спиењето по осум  часа дневно е оптимално време за организамот да се одмори и да биде полн со енергија, освен ова спиењето по  осум часа дневно е особено важно за одржување на имунитетот на организамот, што би ни помогнало да се одбраниме од многуте сезонски вируси кои не демнат во овие зимските денови.

 Секојдневно пијте чаеви во што поголема количина

Секојдневното пиење на чаеви ни помага во одржување на температурата, бидејќи течноста ја подобрува циркулацијата и ни овозможува подобро да ги поднесеме ниските темперетури. Оптималната дневна количина би била околу литро чај дневно.

Употребувајте намирници кои содржат цинк

Употребата на јадења богати со цинк, се особено важни во зима за правилното функционирање на организмот. Јадења кои се особено богати со цинк се: црвено месо, риби, рибни производи, ореви, бадеми и сл.

Јадете почесто, но помалку

Јадењето почесто, но помалку, е важно за ја зачуваме енергијата во организмот, бидејќи внесувањето на храна во поголеми количини го принудува организамот да потроши поголемо количество енергија за нејзино варење, што не исцрпува и не прави флегматични.

Најчитани вести