Неколку совети за секс на брзина

Немате време за бавен и опуштен секс со партнерот? Брзата варијанта ќе биде сосема доволна за да ги задоволи вашите потреби, но и да ги разгори страстите тогаш кога ви се чини дека се гасат. Велат дека се почнува од главата, затоа мислете позитивно…

Се почнува во главата

Возбудата почнува во главата, затоа пред самиот секс почнете да размислувате за него. Истражувањата покажале дека жените, доколку ништо не ги вознемирува, можат да се возбудат за 30 секунди. Испратете му порака на партнерот која ќе му даде до знаење што треба да очекува следниот пат кога ќе се видите. Доколку ви е непријатно да праќате пораки со експлицитна содржина, доволно е да напишете дека едвај чекате да ја растргате облеката од него.

Бидете иновативни кога бирате место

За почеток можете да пробате еднаш „набрзина“ на најпопуларните јавни места. Во парк, на ливада или во клуб. Сепак, иако можеби навистина посакувате авантура, бидете внимателни кога го бирате местото и потрудете се да не бидете видени.

Лубрикант

Телото ви укажува на сексуална возбуденост преку природниот лубрикант, но понекогаш е потребно време за се да „тргне“. Речиси на сите жени им е потребен дополнителен лубрикант од време на време, без разлика на тоа колку години имаат. Затоа е добро, секогаш да имате лубрикант на водена основа, а сосема малку е потребно за да се избегне непријатното или болно триење.

Идеални позиции

Немојте да губите време на комплицирани, акробатски пози. Нив зачувајте ги за подолгите сексуални сеанси. Кога ќе посакате брз секс, на пример, наутро, само свртете му го грбот на вашиот партнер, стуткајте се до него и дајте му до знаење дека барате секс. Ако не сте во постелата, тогаш „доги“ позата е најделотворна за длабока пенетрација и брз оргазам на разни места. Ако сте избрале рамна површина, како што е масата, тогаш мисионерската поза е најдобра затоа што партнерот со неговите препони директно го стимулира вашиот клиторис.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.