недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 22

Неколку совети за виткањето на косата со фигаро

На некои од нас им е потребно повеќе време за да ја усовршат уметноста на витканата коса.

Неколку совети за виткањето на косата со фигаро

Неколку совети за виткањето на косата со фигаро

Поврзани вести

Со овие совети вашата фризура ќе биде беспрекорна и секогаш уредна. На некои од нас им е потребно повеќе време за да ја усовршат уметноста на витканата коса. Сепак, постојат голем број фактори влијаат врз крајниот резултат на вашата фризура: времето, препаратите што ги користите за стилизирање и заштита од топлината, кога последен пат сте ја измиле косата, типот на коса.

Исто така, мошне е важна и техниката на виткање на косата. Ако само сте ја виткале косата кон десно, таа ќе изгледа сосема поинаку, отколку ако сте ја обликувале со виткање на фигарото или ако наизменично сте ја виткале косата на лево и на десно.

Виткање на косата на лева и десна странаkosaaaa-300x260

Ако некогаш сте гледале туроијал на Јутјуб, најверојатно сте забележале дека сите стилисти препорачуваат подеднакво да ја виткате косата како на левата, така и на десната страна.

-Виткањето на косата со користење на наизменични обрасци и овозможува на косата да се движи во различни правци обезбедувајќи и’ природен и брановит изглед, објаснува Пол Перез, стилист за коса од Лос Анџелес.

Држење на пеглата за коса или фигарото верикално

Пред да ги свиткате прамените коса околу загреаното фигаро или пегла, проверете како ги држите апаратите. Ако ги држите вертикално ќе постигнете опуштен, речиси природен изглед.

-Виткањето на косата додека го држите фигарото вертикално создава олабавување, помали бранови и посекојдневен изглед, објаснува Перез.

Хоризонтална положба на пеглата

Ако сакате вашата коса да потсетува на гламурот на Холивуд од почетокот на минатиот век или на актерките од црвениот килим, тогаш додека ја виткате косата, фигарото или пеглата треба да ги држите хоризонтално.

-Виткањето на косата со хоризонтална положба на пеглата или фигарото создава бранови кои потсетуваат на буквата Ѕ, кои ви даваат погламурозен и посвечен изглед, додава Перез.

Грешки што би требало да ги избегнувате

Наизменичното виткање на косата на лева и десна и страна е целосно во ред, но внимавајте крајниот резултат да не биде фризура на една страна на главата и кадриците да ви бидат во една насока, а другата во спротивни бранови. Оваа недоследност потполно ќе ја уништи вашата фризура и изглед.

Внимавајте на температурата на фигарото или пеглата. Би требало да бидат доволно загреани за од вашата коса да прави бранови, но да не е премногу топла, за да не ви ја оштети косата.

Најчитани вести