Неколку трикови за фантастичен секс

Сексот со ист партнер може по некое време да стане досаден, но не треба тоа да го прифатите и да го оставите така. За да ја одржувате магијата во креветот и да ја зачувате страста, направете нешто неконвенционално како што се овие пет работи.

1.      Играјте си со брадавиците

Мажите не сакаат да признаат, но нивните брадавици подеднакво се чувствителни како и женските. Нежно штипкајте ги, минувајте со прстите преку нив додека не се зацврстат. Дури и ако не ви признаваат, им се допаѓа.

2.      Променете ја рутината

Прескокнете ги позите во кои сте биле веќе стотина пати. Додека сте во мисионерската поза, одненадеж замолете го да стане за да ја промените позата. Вашата желба за експериментирање ќе го возбуди, многу.

3.      Кичмата е црвена зона

Кај мажите делото околу кичмата е многу чувствителен. Нека тој легне на стомак, а вие со јазикот тргнете од вратот се’ до опашната коска. Како се спуштате, се’ повеќе забавувајте, па исчекувањето ќе го излуди.

4.      Допирајте се

Мастурбацијата е секогаш добра идеја ако сте возбудени, а вашиот партнер нема сила за секс. Но, понекогаш можете да си играте и пред него. Опуштете се и замислете дека сте сами за да му изгледа што поприродно додека ве гледа. Нема да му треба многу за да ви се придружи или во мастурбацијата или во сексот. А, некогаш не му дозволувајте секс, колку и вие самите да сакате. Промената некогаш е поважна за сексуалниот живот од самиот чин. Нека биде неочекувано.

 Научете неколку реченици странски јазик

Побарајте на интернет некои секси фрази на странски јазик. Францускиот е совршен, но и италијанскиот е добар. Ако вашиот маж сака некој странски јазик, научете неколку секси фрази од него. Изговарајте ги гласно тие фрази за време на сексот пригодни моменти и така ќе го зачините сексот.