Неколку трикови за жежок секс

Еве неколку корисни совети како да ги направите нештата во спалната соба пожешки и како да ја разбудите страста

 Облечете се поинаку

Не зборуваме за играње улоги. Бидете свои, но направете нешто поинаку. Не ги соблекувајте чевлите со потпетица или забранете му да ви го соблече градникот. Само едно парче облека на вас за време на сексот може да биде голема промена.

Свеж здив

Изедете ментол бонбона, па тогаш со здивот допирајте го по телото. На крајот можете да се одлучите за орален секс.

 Грабнете го за задникот

Додека водите љубов, фатете го за задникот. На машкиот задник ретко кога се посветува внимание, па ќе му се допадне тоа ново чувство.

Бидете смели

Мажите може да бидат збунети во кревет од време на време. Затоа насочете го кога тоа ќе се случи. Кажете му „Фатиме за бутините“ или „Бакнувај ми го вратот“. Ако не го направи она што го барате, секогаш можете да најдете начин да го „казните“ (само внимавајте да не претерате).

Направете атмосфера

Запалете свеќи по целата соба и подарете му сензуална масажа со некое ароматично масло. Пуштете опуштувачка музика ако тоа не ви пречи при водењето љубов и ќе имате секс како никогаш претходно.