Неколку улици без вода денеса

Поради изведување на водоводни приклучоци во шахти на улица 519 во Керамидница, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на улица 519 и Перо Наков, од 10 часот до завршување на приклучоците.

Исто така денеска, поради дефект на приклучна цевка ф-80мм на улица Владимир Комаров 23, прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците на ниска зона од Владимир Комаров, од 10 часот па се до завршување на дефектот.