Неколку улици денеска без вода

Поради дефект на водоводна мрежа на улица „Спиро Гулапчев“ бр.12, без водоснабдување ќе останат корисниците од населбата 11-ти Октомври од 09:00 часот па се до санирање на истиот.

Поради дефект на приклучна цевка профил Ф-5/4 на улица „Људевит Гај“ бр.6, без водоснабдување ќе останат корисниците од улиците „Људевит Гај“, „Раде Кончар“ и „Дебарца“ од 09:30 часот па се до санирање на истиот.

Поради дефект на водоводна мрежа на улица Сердарот бр.86, без водоснабдување ќе останат корисниците од истоимената улица од 09:00 часот па се до санирање на дефектот.