Македонија,Крими хроника

Нелегална сеча: Полицајци нападнати додека се обидувале да направат контрола

Нелегална сеча: Полицајци нападнати додека се обидувале да направат контрола

Полицајци нападнати додека се обидувале да направат контрола за нелегална сеча на регионалниот пат Македонски Брод – Кичево.

Полицајците вчера oколу 20,00 часот на регионалниот пат Македонски Брод – Кичево забележале лице кое управувало трактор натоварен со огревни дрва.

Полициските службеници веднаш се упатиле кон тракторот со намера да извршат контрола и со помош на рото сигнализација на возачот дадена му е наредба да го запре тракторот, по што истиот се оглушил на наредбата и продолжил со движење. Откако со попречување е запрен  од страна на полициски службеник  издадена му е усна наредба со тракторот да се упати во полициската станица во Македонски Брод на што истиот се оглушил и започнал вербална расправија и се физички го нападнал полицискиот службеник .

Во истиот момент со патничко моторно возило„Тико“ со охридски регистерски ознаки дошле уште две непознати лица кои извадиле метална шипка и замавнале кон полицискиот службеник  со намера да го  удрат, но откако биле спречени во намерата  тројцата го напуштиле местото на настанот.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.