Нелегалната миграција ќе ги разниша темелите на Европа

Германската канцеларка, Ангела Меркел побара во своето обраќање пред претставниците на Европската народна партија (ЕПП) вечерва во Минхен фундаментални промени и реформи во рамките на Европската унија, а прашањето за нелегалната миграција го опиша како клучно прашање од кои зависи иднината на ЕУ.

Најсериозно ви велам, ако не успееме да одговориме на предизвиците на нелегалната имиграција, тогаш европските темели ќе бидат доведени во прашање, рече Меркел, обраќајќи се на претставниците на ЕПП на нивниот тридневен затворен состанок во Минхен.

Таа, исто така, објасни дека сегашниот механизам за распределба на бегалците со квоти не ги даде саканите резултати.

Мора да развиеме систем на флексибилна солидарност -рече Меркел, која истовремено залагајќи се за воведување „вистинска европска полиција“ и систем во кој секоја земја-членка ќе биде во можност да се обезбеди она што е политички изводливо.

Како еден од главните механизми во борбата против нелегалната миграција Меркел ја наведе паричната помош на државите од кои доаѓаат најголемиот број на избеглици, наведувајќи ги пред се африканските земји, како и потребата да се воведе еден вид Маршалов план за Африка.

Меркел, исто така, се занимаваше со обединета политика на ЕУ за обезбедување политички азил, што бара воведување на единствена канцеларија на ЕУ за азил.
Говор на германската канцеларка се смета за продолжување на одговорот на францускиот претседател Емануел Макрон на неговите аспирации за реформа на Европската унија.

Во Минхен, Меркел апелираше до членките на ЕУ да сторат повеќе за да ја направат ЕУ вистински и глобален играч.

Ако Европа сака да биде глобален играч, тогаш мора да се однесува како глобален актер. Тоа бара напор, храброст, одлучност и тоа чини – рече Меркел.

Како една од најважните задачи на ЕУ во наредниот период Меркел најави и темелна реформа на институциите кои се поблиску до идеите на Макрон. Ова првенствено се однесува на намалувањето на Европската комисија, како и на воведувањето на Европскиот совет за безбедност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.