Нелегално набавил и пуштил во промет 450 килограми тутун

Четириесет и четири годишниот Ј.С. заработи кривична пријава за сторено кривично дело „недозволено тргување со меѓу производи, етил алкохол и тутунски добра, односно стоки“ од Законот за акцизи.

Во текот на ноември оваа година, сопственикот и управител на ДППУ „Еуро Марисон“ набавил и пуштил во промет во Р. Македонија дробен тутун во количина од 450 килограми, со што избегнал да плати акциза во износ од 607.500 денари.

Како што соопштуваат од МВР при извршен претрес во домот на пријавениот и во дворното место, се затекнати комбе, сопственост на ДППУ “Еуро Марисон“ и товарно возило „мерцедес“ сопственост на ДППУ „Ком Транс“ ДОО, во кои се пронајдени вкупно 450 килограми дробен тутун без контрони маркици.