Нелоски: Грантови за велосипеди и бесплатно вежбање фитнес и аеробик за младите

Кандидатот за пратеник во изборната единица 1 од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски денес промовираше неколку мерки за младите кои ќе го подобрат спортскиот и здрав начин на живот.

-Преку проектот „Грантови за велосипеди“ ќе овозможиме за младите лица до 29 години кои живеат во семејства со приходи под просечните, субвенција за купување на велосипед до 40 проценти од висината на целата, но не повеќе од 4.000 денари, истакна Нелоски.

Преку проектот „Со спортување до здрав живот – Биди фит“, посочи Нелоски, АМС и Факултетот за физичка култура ќе им овозможат на младите од јуни до септември бесплатно да вежбаат фитнес и аеробик во спортско рекреативните центри.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.