Нелоски: Преку „Македонија вработува“ вработени 10.750 млади

Во една ипол година преку проектот „Македонија вработува“ се вработија само 10.750 млади луѓе. Така ВМРО-ДПМНЕ се грижи младите да ја најдат својата егзистенција тука,  истакна на вчерашната трибина на ВМРО-ДПМНЕ одржана во Дојран претседателот на УМС Влдимир Нелоски.

Оваа Влада им овозможи на сите млади луѓе да студираат, преку намалување на партипациите, да имаат поквалитетни услови за студирање. ВМРО-ДПМНЕ како Влада го направи она што претходно никој не успеа да го направи, посочи Нелоски кој додаде дека најавени се три нови студентски домови.

Нелоски ги повика сите млади луѓе да ги дадат своите идеи, бидејќи како што рече многу проекти од изминатите програми се дадени токму од млади лица.