четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 39

Нелоски: Младите ќе бидат предводник на победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите

Владимир Нелоски, лидер на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК на владејачката партија оствари средба со жителите на Брвеница.

нелоски

Поврзани вести

Тој поразговара со младите за новата програма на ВМРО-ДПМНЕ.

-За разлика од опозицијата која што оди на терен и не разговара за проблемите на граѓаните, ние зборуваме за конкретни дела и проекти од кои што сите млади ќе имаат некаков бенефит по 11-ти декември. Претседателот Груевски најави 40 проекти за млади, а веќе 5 од нив младите имаат можност да ги користат. Остануваат минимум уште 35 од кои бенефит ќе имаат младите од цела Македонија. Им ги презентираме и доближуваме проектите за младите да знаат зошто гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Младите ќе бидат предводник на победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите, рече тој.

Најчитани вести