Нелоски: Преку „Купи куќа за млади“ младите ќе заштедат средства и ќе им се даде поддршка

Сите знаеме колку е важно домувањето за осамостојувањето на сите млади во своите животи. Токму затоа на трибината организирана од  УМС во Куманово, токму на ваква трибина, беше дадена идеја дека проектот „Купи куќа, купи стан“ е одличен, но уште подобро би било кога младите би добиле малку повеќе. Ние тоа го пренесовме до министерот за финансии, се разгледа идејата и беше одлучено да им даде уште поголема поддршка на младите во добивањето на својот дом, истакна Владимир Нелоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната трибина- дел од кампањата „На Македонија и треба твојата идеја“, која се одржа во Могила.

Нелоски потсети дека оваа мерка младите можат да ја искористат преку два модела- првиот модел е преку субвенционирање на месечната рата, а вториот модел е целосно покривање на учеството во кредиот за купување или изградба на куќа.

Преку овој проект, младите ќе заштедат средства и ќе им се даде голема поддршка. Сакам да истакнам, дека опозицијата пласираше лаги во јавноста за мега проектот кои што го најави Владата. Значи, оваа мерка ќе ја искористат сите млади кои што имаат примања до 900 евра и до 1.300 евра за парови, а не над таа сума како што се обидуваа да пренесат опозициските медиуми. Над 90 отсто од младите влегуваат за можноста да го искористат овој проект.

Преку Министерството за транспорт и врски, додаде Нелоски, можете да ги подигнете 6-те идејни решенија на типски куќи кои се бесплатни, со оваа мерка се заштедуваат уште 1000 до 2000 евра за сите оние кои што се заинтересирани. -Оваа мерка важи за сите граѓани, но да ги потсетам и сите млади да ја искористат и оваа мерка.

Нелоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ го решава и горливиот проблем за студентите за физичка култура и за информатички науки и компјутерско инжињество.

Владата веќе започнна со изградба на два нови факултети. Досега ДИФ ги немаше соодветните услови за сите млади идни спортисти, наставници и трнери да го добијат своето знаење, но набрзо и тие студенти ќе го уживаат сето она што го ползуваат сите други студенти. Исто така и за студентите од ФИНКИ кои своите предавања ги одржуваа во повеќе други факултети, што сега им се решава и нивниот проблем и тие ќе имаат свои современи лабаратории и простории за доусовршување на своето знаење, додаде Нелоски.