Нелоски: Реконструкција на „Браќа Миладиновци“ и читални на повеќе локации низ Македонија

Од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, најавуваат реконструкција и проширување на Градската библиотека Браќа Миладиновци. На оваа тема ТВ Нова разговараше со Претседателот на УМС Владимир Нелоски.

Предвидено е целосното реновирање на најпознатата градска библиотека „Браќа Миладиновци“ да започне на почетокот од 2017 година.  Со самото тоа, предвидено е реновирањето да го опфати целосно вториот кат, кој што досега не е целосно искористен, каде што планираме да се зголеми капацитетот за нови 200 места, а уште поважно да се направат индивидуални кабини, но и групни кабини за вежби на техничките факултети. Исто така е предвиено читалната да добие дестина компјутери со кои сите студенти ќе дојдат до информациите што им се потребни за време на учењето, истакна Нелоски.

Тој додаде дека оваа читална е позната по тоа што по завршување на предавањето и за време на испитните сесии, таа е преполна и се бара место. Студентите остануваат од два до три часа и чекаат да се ослободи место, затоа што им е омилена читална.

Во однос на тоа кои други читални ќе добијат нов лик, Нелоски истакна дека вакви проекти ќе се реализираат на повеќе локации.

Како ВМРО-ДПМНЕ се обидуваме да им дадеме што е можно повеќе услови на студентите. Затоа пред неколку години беше реализиран проектот 1.000 книги во ГТЦ. Поттикнати од идејата дека студентите имаат потреба од повеќе, во низата проекти што ги најави нашиот Претседател, најавена е и реконструкција на Народно – универзитетската библиотека, целосно нова мултифункционална читална во градскиот плоштад, како и нова читална во општина Аеродром. Нема само Скопје да добие читални, предвидени се читални во Прилеп, Гевгелија, Струга, Струмица и Велес. Ова се еден вид студентски центри, па оттука се јави потребата да имаат каде да учат, вели Нелоски.