Нелоски до СДСМ: Како сте тргнале со отстапки, може да бидете власт, ама и последната власт пред растурањето на оваа држава

А колку само Владо Јовановски го истакнуваа и величеа сите овие партиски медиуми и платеници кога гласно застана против одлуката на владата за оданочување на хонорарите. Колку го цитираа и опсипуваа со пофални зборови. Кој ли тоа се бори за слобода и демократија? Можат ли вакви луѓе, вакви партии кои ги тролираат овие медиуми да ни донесат повеќе слобода и демократија или е поверојатно дека ќе не вратат назад со демократијата како во комунизмот, пишува на својот ФБ профил претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски.

Врз актерот Владо Јовановски сите платеници на СОРОС и неговите кофинансиери се нафрлија како да е Владо фактор кој ако каже војна, таа утредента ќе почне.

Настрана што Владо не повика на војна, туку го крена гласот и вниманието да укаже каде може да не однесе ова лудило од понуди за коалицирање и лицитирање со националните интереси, да им ги отвори очите и да ги разбуди оние граѓани на кои и тој припаѓа кои не се во ниту еден партиски табор туку си мислат дека ова е уште една од многуте обични расправии меѓу СДСМ и ВМРО, настрана дека се обидоа да му ја извитоперат намерата, ајде да се прашаме може ли реално Владо Јовановски колку и да е почитуван актер во Македонија да направи војна дури и навистина да сакал.

Да ни најавеше војна Србија, Бугарија или Грција, Албанија или Косово, или некоја терористочка организација, или дури некоја голема партија немаше вака да се нафрлат како на еден обичен човек и многу квалитетен актер. Платеници по учинок. Одат сега по хонорарци за напишаното, исплуканото, навреденото, без подлабоко да размислат што прават. Од оние организации за кои под текстот на извесна Анастасија на Либертас пишува дека имаат проект против говор на омраза, што значи делат пари за некој кој ќе напише текст или ќе даде изјава против говор на омраза.

Но, ако некој од предавничката банда има говор на омраза, како оној Грчев, Тричковски, Геровски, Тито Беличанец, Сашо Ордановски, или како оној на Сашо Тасевски за Владо Јовановски, тоа не се плука или негира, бидејќи за тоа странскиве НВО и соросови трезористи не плаќаат. Не е дел од нивната агенда, која многу луѓе или не ја препознале со сите нејзини можни последици за Македонија, или и се предале на неа.

На СДСМ и на оној клептоман и лажоман Заев ќе им порачам: Гледајте еден ден војна да не ви направат оние пред кои сега ги соблекувате гаќите само за да дојдете на власт и да ги исполните заповедите на вашите сценаристи, иако народот не ви даде победа и мнозинство гласови, туку бевте поразени на изборите.

И гледајте и без војна да не ја загубиме државата. Оти како сте тргнале со отстапки, може да бидете власт, ама и последната власт пред растурањето на оваа држава.

А оној фрустриран актер со шалабајзерски начин на разбирање на политиката, кој за жал не е познат по некоја голема филмска или театарска улога во својата професија, кој не се реализирал во таа своја професија, туку стана познат само по јавни навреди кон кого ќе стигне кој различно од него размислува, кој очигледно се храни од сочни навреди и изливи на неуротичност, и кој до пладне сите ги мрази а попладне и себе, кој Владо го нарече ,,црни Владо,, и дека не бил добар глумец, од што јасно се гледа неговата вистинска фрустрација и завист кон Владо Јовановски кој за него е и ќе остане недостижен во професијата, ќе му кажам дека доволно е млад за да еден ден го дочека распадот на својата држава ако се оди по умот и болните амбиции на Заев. Да не си рече еден ден сам на себе ,,црни Сашо за кого и за што се бореше ти? И што излезе од сето тоа?,,

А колку само Владо Јовановски го истакнуваа и величеа сите овие партиски медиуми и платеници кога гласно застана против одлуката на владата за оданочување на хонорарите. Колку го цитираа и опсипуваа со пофални зборови. Кој ли тоа се бори за слобода и демократија? Можат ли вакви луѓе, вакви партии кои ги тролираат овие медиуми да ни донесат повеќе слобода и демократија или е поверојатно дека ќе не вратат назад со демократијата како во комунизмот.

(ФБ статус на Владимир Нелоски)