Нелоски: Се бориме против хибридни здруженија кои со огромни финансии се обидуваат да и’ наштетат на Македонија

Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски, денеска по повод 30 дена од почетокот на кампот се обрати пред Чуварите на демократијата.

Нелоски во својот говор се осврна Унијата на млади сили и го поздрави првиот претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Димишков.

-УМС постои веќе 24 години и уште од самото формирање, луѓето кои го основале имале визија и идеали за тоа што би било и што треба да значи УМС. УМС во 90-те требало да значи репрезент на сите оние правилни вредности кои требало да ги има секој млад човек . 10 години подоцна во 2000 година и за време на конфликтот во Македонија членовите на УМС биле оние кои своеволно се пријавувале за да одат да ја бранат Македонија, па членови на УМС застанаа директно на браникот на државата, подвлече Нелоски.

Во 2005 и 2006 УМС имало задача да ја врати надежта на сите млади луѓе во политичарите.

-Денес имаме една друга задача. Ние се бориме против едни хибридни здруженија кои со огромни финансии се обидуваат да и наштетат на Македонија и на сите млади, подвлече Нелоски.

Целото обраќање на претседателот н УМС на ВМРО-ДПМНЕ погледнете го на следниот линк: