Нелоски: ВМРО- ДПМНЕ и владата отворија два нови универзитети, читални и библиотеки

Да не заборавиме дека пред  2006-та година над 100 илјади млади луѓе беа надвор од образовниот процес и токму како влада го направивме средното образование да биде задолжително за да немаме млади деца кои се надвор од образовниот систем. Исто така за да го направиме високото образование подостапно за сите ги намаливме партиципациите за студирање, вели Владимир Нелоски на денешната Панел дискусија: „Единствени кои инвестираат во образованието“.

Освен намалувањето на партиципацијата за студирање, мораме да споменеме дека ВМРО-ДПМНЕ и владата отвори два нови универзитети и отвори 30-на факултети со што се направи уште подостапно високото образование за сите студенти, да не ги заборавиме и дисперзираните студии кои дополнително овозможија сите млади да студираат без разлика од каде доаѓаат. Исто така се стави и акцент на високото образование во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и на квалитетот на студентскиот живот, како влада направивме многу, тука спаѓаат проектот превод на 1000 книги, за да бидат достапни овие книги и на македонски јазик за студентите, воведовме над 40 стипендии за студенти и средношколци, но освен домашните стипендии овозможивме и стипендии за студирање надвор од нашата држава, истакна Нелоски.

Тој потенцираше дека како влада им дадоа и бесплатен јавен сообраќаен превоз на сите студенти и овој проект го користат над 23 илјади студенти, а на годишно ниво им овозможува заштедување од околу 12 илјади денари.

-Во средното образование не смее да заборавиме дека воведовме бесплатни учебници, а во однос на мотивирањето на средношколците и студентите отворивме и изградивме  нови читални и библиотеки. Им овозможивме на сите студенти кои што не се од овој град секоја прва и трета недела да се возат со бесплатен железнички сообраќај, истакна Нелоски.