Нелоски за РСМ: Единствени и сплотени сме како никогаш досега

Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Неловски при денешното гостување во „Кворум“ на Радио Слободна Македонија истакна дека сега се најединствени и уште посплотени, иако по „бомбите“ на Заев многумина очекувале дека во партијата ќе има раздор.

Тој вели дека нема поделби меѓу младите во партијата, туку дека сплотени продолжуваат со реализација на она што го зацртале во изминатиов период. За случајот „Пуч“ се дискутирало во УМС, но сите се едногласни дека Заев преку  како што рече Неловски, фабрикувани и монтирани материјали се обидува да дојде на власт. Тој смета дека разликата меѓу власта и опозицијата  е голема и оти тоа го покажале граѓаните на последните избори. Вели особено младите се свесни дека оваа владејачка гарнитура има проекти за подобар живот.

На трибините кои ги организира ВМРО-ДПМНЕ, членовите на УМС редовно присуствуваат. Каде и да одиме, раскажува Неловски, народот е со ВМРО-ДПМНЕ и додава дека имаат голема поддршка  за позитивните проекти.