Нема азиски стршен во Кавадарци

Домашен, а не азиски е стршенот кој го пронајде кавадаречкото семејство Ничкови, пред неколку дена. Ова го потврди и д-р Ристе Јовановски, директорот на Центарот за јавно здравство, по извршениоте анализи на Природно-математичкиот факултет.

Стршенот е опасен само за оние кои се алергични на неговиот отров, а препораките од лекарите е луѓето да бидат внимателни кога се движат во природа.

„Без разлика дали е азиски или наш стршен, граѓаните мора да се претпазливи. Климатските промени ги привлекоа инсектите во Македонија. Граѓаните мора да се едуцирани и заштитени навреме“, рече професор Томе Лисичанец, еден од најдобрите познавачи на дивата флора и фауна.