Нема бегање: Мајкрософт најде нов трик за „кришум“ да ви инсталира Виндоус 10

Компанијата сака што е можно поголем број на луѓе да преминат на Виндоус 10 (Windows 10 ) пред да истече рокот за добивање бесплатната верзија и на секој можен начин ќе се обиде да го постигне тоа.

Оваа недела Мајкрософт го промени статусот на Виндоус 10 надградбата во Виндоус центарот за надградби (Windows Update Center)  од „опционен“ на „препорачан“, што значи дека тој сега се појавува заедно со безбедносните надградби (security updates).

Ова исто така значи дека повеќе нема да мора да ја резервираме нашата копија на Винтоус 10, туку дека тој „тивко и кришум“ ќе се инсталира на сите компјутери каде што се вклучени автоматските надградби.

Нема бегање: Мајкрософт најде нов трик за „кришум“ да ви инсталира Виндоус 10
Нема бегање: Мајкрософт најде нов трик за „кришум“ да ви инсталира Виндоус 10

Инсталацијата на Виндоус 10 кај овие корисници ќе биде атоматски запоначата веднаш по симнувањето, иако претходно ќе добијат соопштение пред да дојде до тоа.

Во случај да не ви се допаѓа новиот оперативен систем, или пак ако сте го инсталирале случајно ќе имате 30 дена за да се вратите на претходната состојба на системот.

Корисниците на Виндоус 7 и 8 во наредните недели би требало да ги забележат овие промени, ако се има во предвид дека ове ќе се одвива во фази.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.