Нема цивилни жртви во пукотниците во Куманово

Нема ниту една жртва цивил во престрелките меѓу полициските сили и вооружената криминално-терористичка група, кои се случија рано утринава во кумановската „Дива Населба“, дознава Нетпрес.

Нашите извори велат дека пласирањето на вакви информации е обид за груба манипуалција и ширење на страв и вознемиреност меѓу граѓаните.

Инаку, утринава на некои од интернет порталите, на албански и на македонски јазик, а финансирани од Сорос, се појави вест дека во полициската акција наводно биле убиени едно осумгодишно дете и неговите двајца родители.