Нема да ви се верува кои филмови биле цензурирани

Забраната за прикажување на некои филмови ретко кога е оправдана, но во поголемиот дел од случаите цензурата на одреден филм или некои сцени од него имаат објаснување. Еве неколку филмови кои претрпеа цензура поради некои неверојатни причини.

Филипинците ги забранија сите филмови во кои игра Клер Дејнс 

clareee

Филмот „Brokedown palace“ од 1999 година е драма за две жени кои се уапсени во Тајланд за криумчарење дрога. Со оглед на тоа што филмот беше критички настроен кон властите во Тајланд, продуцентите се одлучија да го снимаат филмот на Филипините, претпоставувајќи дека гледачите нема да приметат никаква разлика. Како што се очекуваше, филмот беше забранет за прикажување во Тајланд, а мало изненадување беше тоа што и филипинските власти се одлучија да преземат построги мерки. Откако актерката Клер Дејнс во повеќе наврати упати критики за престолнината на Филипините, Манила, властите во оваа земја се одлучиле да ги забранат сите филмови во кои игра таа.

Скандинавците го забранија емитувањето на филмот И Ти

The Spy Who Shagged Me

Шведскиот одбор за филмска цензура оценил дека филмот И Ти би можел да внесе субверзивни елементи во детските глави, учејќи ги да стравуваат од возрасните и да изгубат доверба во нив. Се чини дека овој одбор не бил запознаен со фактот дека голем број авантуристички приказни за деца во себе содржат возрасни негативци, затоа што децата не се дораснати за такви улоги. Сепак децата во Шведска протестирале пред кино салите, а некои дури и лажеле за сопствените години за да можат да го гледаат филмот. Сепак, главниот шведски цензор Гунел Арбак бил одлучен филмот да останет забранет за лицата кои се помлади од 12 години. 

Нигерија го забрани филмот „District 9“ заради расизмот

district_9

Филмот „District 9“ е научно-фантастичен тилер од 2009 та година. Филмот кој неше номиниран за четири Оскари, вклучително и во категоријата „најдобар филм“ во Нигерија беше забранет за емитување во Нигерија. Како главна причина за цензурата се наведува тоа што нигерискиот дел од тимот е претставен негативно, како насилни и немилосрдни криминалци.

Индија го забрани филмот на Вуди Ален заради пушење

blue_jasmin

Иако филмот на Вуди Ален „Несреќната Џасмин“ доживеа значаен успех како кај публиката така и кај критиката, а на актерката Кејт Бланшет и го донесе вториот оскар, сепак овој филм во Индија никогаш не бил прикажан и тоа поради сцената во која актерот Ендру Дајс Клеј пали цигара. Во оваа земја важи законот по кој не е дозволено да се емитуваат сцени со пушење цигари без предупредување  за штетното влијание на цигарите.