Нема дилема кој стои зад протестите

Воопшто нема дилема кој стои зад дводневните насилни протести пред Владата на Република Македонија и пред Собранието, смета новинарката Мирка Велиновска .

– Зар некој има дилема кој ги организира? Ги организира СДСМ, тргнаа од општина Центар бидејќи ја сметаат за освоена тврдина, бидејќи тука можат да извадат луѓе, вели во изјава за Нетпрес Велиновска.

Оваа „намештаљка“, како што вели,  е почната за да го нема судскиот процес, за тој да престане. Според неа ова е форма на притисок и сите ја знаеме.

– Па нормално тоа тие си го кажаа на почеток. Заев рече очекува политичка разврска, а не судска, мислеа дека од надвор факторите што ги поддржуваат нив во Вашингтон и во Брисел дека ќе ги поддржат во тоа. Проба Брисел не успеа, неможе јавно да се бламира, да рече нејќеме во Македонија судска разврска. Стартува разврската и овие го активираа востанието. Немаше некоја филозофија, башка што одработуваа за овие геополитичкиве игри тоа е посебно, но ова е најјасно! А од каде да стартуваат востание кога само четири општини се под нивна, така да речеме, власт и најдобро им дојде. Не е прв пат. Се што дејствува, сите се тука, на купче во општина Центар: и СОРОС и СДСМ и општината преку Жерновски и медиумите нивни и тие манипулираат сега со таа маса што ја имаат, надевајќи се дека ќе предизвикаат доволно револт за да може поголем број граѓани да им се придружат. Тоа го правеа и кога предвидуваа востание со А1, кога повикаа народ на плоштад со лажни податоци, тоа глумеа и со Црниот понеделник. Сите тие се исти, исто сценарио. Сценариото е едно цел свет за ваков тип на „кобајаги“ револуции: да излажеш што повеќе наивен свет. Тоа сценарио го работеше изворно Отпор српски, прерасна во Канвас фирма и таа се продаде на ЦИА. Инвеститор е СОРОС и лесна работа, секаде ученици, студенти, буквално во цел свет се случува, иста копија, вели Велиновска.

За информациите што одредени медиуми ги пласираа, дека на протестите била уфрлена некаква група од надвор, која го поттикнала насилството на проетстите, Велиновска вели:

– Не дај Боже завчера да загинеше од оваа операција на каменување некој од полицајците. Мислите дека учесниците или организаторите на овие дивјачења дека ќе ја превземаа одговорноста !? Па немојте ве молам. Тие се дотолку кукавици, дејствуваат во групи, во толпи, под команда на стимул, ги води омраза, во рационална гледна точка, тие воопшто не се свесни дека се одговорни за тоа што ќе се случи. Сега ќе обвинат некоја анонимна група од надвор, утре ќе речат уфрлена е еве од власта… Вие можете ли да им застанете на патот на нивните фантазирања. Се е можно. Они од обична сообраќајка можат да ни искреираат убиство. Што досега не сме виделе, па сега да не чуди!?“

Според неа државата треба да го испорача она за што е свесна дека го сакаат мнозинството граѓани на оваа држава.

– Не е ова да креираме ние впечатоци за да задоволиме некој странски известувач или политичар да не ни удри оценка лоша или незнам што. Овде се работи дека вакво нешто е недопустливо во ниедна држава. Македонија неможе да биде исклучок. Гледате ли вие од изјавите вчера уште толку човек да се чуди до кое ниво на разум се овие учесници во протести: Они се гневни на полицијата што не ги пуштила да влезат во владата, значи да  им отвори врата да ја запоседнат владата. Они владата не ја признаваат, ама зградата била нивна, во изјава го даваат на телевизија го слушам и не ми се верува. Истите кои го кинеа знамето на државата Македонија завчера, вчера глумеа патриоти пред Собрание кое пред тоа го мавале со јајца и пеат химна државна, вели Велиновска.