Бразил2014

Нема договор помеѓу САД и Германија

Нема договор помеѓу САД и Германија

Од сите натпревари, кои се денес на програмата, убедливо најголемо внимание привлекува дуелот во групата “Г”, помеѓу репрезентациите на Германија и САД.

И двете репрезентации се на само пола чекор од реализација на првата зацртана цел, палсман во 1/8 финалната рунда, а таквиот сон ќе стане реалност за двете репрезентации доколку нивниот меѓусебен дуел заврши без победник.

Поголемиот дел од фудбалските стручњаци, но и фудбалските фанови се убедени дека на овој натпревар ќе нема победник, а голем удел во таквото сценарио ќе има и поранешниот репрезентативец на Германија, а сега селектор на САД, Јирген Клинсман.

Сепак, предводникот на САД, откри дека не постои никаков дил помеѓу репрезентациите, туку напротив, неговиот тим сака да слави во последниот натпревар од групната фаза.

“Лов одлично си ја врши својата работа, а јас мојата. Јас имам за задача да составам тим, да применам тактика со која ќе обезбедиме пласман во 1/8 финалната рунда. Сега не е време за некакво пријателство, за некакви приказни. Време е за бизнис, време е за фудбал, за борба до последниот судиски свиреж. Мојот тим има обврска да даде се од себе до последниот судиски свиреж, а така ќе биде и на дуелотпротив Германија. Го имаме тој борбен дух, ја имаме потребната одлучност. САД има таква амбиција, сака победа во дуелот против Германија. Ете ја нашата зацртана цел и јас сум убеден дека ќе ја исполниме”, изјави селеккторот на САД, Јирген Клинсман.