четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 7

Нема докази дека е соборен полицискиот хеликоптер во Рио де Жанеиро

Бразилските истражни власти соопштија дека засега не се најдени докази оти полицискиот хеликоптер кој се урна во Рио де Жанеиро бил соборен.

хеликоптерот

Поврзани вести

Четворица полицајци загинаа, кога леталото се урна во познатата фавела Божјиот град, во текот на една обемна полициска рација против локалните нарко банди и нивните шефови.

Хеликоптерот учествувал во целата операција, како воздушна поддршка на специјалните единици распоредени низ тој дел од Рио де Жанеиро.

Непосредно пред да се урне хеликоптерот, врз леталото било пукано од делови на фавелата, па полицијата претходно соопшти дека леталото е соборено од вооружени припадници на нарко бандите.

Шефот на безбедносните власти Роберто Са изјави дека не се најдени дупки од куршуми на остатоците од паднатиот хеликоптер.

Тој сепак препорачал да не се избрзува со заклучоци, како и да не се отфрли ниту една можност за тоа како и зошто паднал хеликоптерот, објаснувајќи дека продолжува истрагата за смртта на полицајците.

Во 2009 година припадници на нарко бандите пукаа и соборија полициски хеликопер кој се урна врз еден фудбалски терен и притоа загинаа двајца полицајци.

Во текот на сегашната рација во фавелата Божјиот град позната по криумчарењето и бизнисот со дрога, имало неколку вооружени судири меѓу полицијата и бандите, но биле регистрирани и судири меѓу самите банди кои војуваат за контрола врз територијата.

Рио де Жанеиро кој пред 2,5 месеци беше домаќин на Летните олимписки игри, е познат по високиот степен на насилство.

До крајот на септември годинава регистрирани се 3.649 убиства во градот, најмногу во фавелите (неурбанизирани, диви населби, на градската сиромаштија) што е за 18 отсто повеќе во споредба со минатата година.

Најчитани вести