НЕМА ДОВОЛНО ПИПЕРКА АЈВАРКА: Се откажуваат извозни зделки во конзервната индустрија!

Исполнувањето на извозните квоти за преработки од зеленчук и овошје е доведен во прашање. Лошите временски услови, неорганизираното земјоделско производтво, продажбата на зеленчук и овошје на црно по пазарите на големо, ги остави конзервните фабрики без доволно суровина. Од конервно-преработувачката индустрија велат дека дел од нарачките од странските увозници, веќе ги откажале.

– Капацитетите не се доволно искористени, нема доволно суровина поради што преработувачите беа принудени значителен дел од извозните здлеки да ги откажат. Се работи за фиксни договори за кои нашите бизнисмени ќе треба да платат пенали, со што пак ќе се наруши досегашниот позитивен имиџ што го имаа преработувачите кај странските партнери, бидејќи ќе се покаже дека не можат она што е договорено да го испочитуваат, вели Сашо Ристески од Асоцијацијата на преработувачи на овошје и зеленчук.
За ублажат последиците, од преработувачите на зеленчук денеска ќе поднесат барање до Министерството за економија од каде што ќе побараат да им се дозволат квоти за увоз на суровина од соседните земји, за да можат барем дел од договорените нарачки да ги исполнат.

Основната суровина на капацитетите за преработка на зеленчук е црвената пиперка. Годинава поради лошите временски услови родот на црвената пиперка е намален за околу 30 отсто. Но дополнително преработувачката индустрија се соочува и со хроничен проблем- неорганизирано производство и непочитувањена договорното производство. И двете страни меѓусебно се обвинуваат дека за непочитување или несклулување на договори.

– Ова што сега и се случува на конзервната иднустрија беше очекувано. Од една страна површините со црвена пиперка се намалени од рдуга страна лошите временски услови уништија дел од родот. Но исто така продолжува оној хронилен проблем на неорганизирано производство. Мислам дека и двете страни манипулираат, непочитување на договорите има и од страна на земјоделци и од страна на преработувачите. Затоа сметам дека треба да се напаравт цврски договори со кои ќе биде предвидено дека секое непочитување на договореното од едната или од другата страна, ќе значи дека ќе треба да се плаќаат пенали и едните и другите. Договорното и организираното производство ни одговара нас поради тоа што ќе бидеме сигурно дека ќе имаме пласман за родот, а и на индустријата и одговра оти ќе знаат дека ќе имаат доволно суровина, вели Ристо Велков, претседател на Синдикатот на земјоделци во струмичкиот регион.
Од Асоцијацијата велат дека поголемите преработувачи си имаат постојани земјоделци со кои склучуваат договори за откуп на суровина.