Нема ебола во Грција

Двајца мажи од Грција кои неодамна патувале во Нигерија биле тестирани во Атинска болница за симптоми од ебола вирусот, но резултатите покажале дека и двајцата боледуваат од маларија.
Првиот маж бил архитект кој бил пет месеци во Нигерија и сам се пријавил во болница кога се посомневал дека е заразен од ебола. Претходно министерството за здравство на Грција овој човек го идентификуваа како нигериец.  Другиот случај за кој се стравуваше дека станува збор за ебола е друг маж кој патувал во Нигерија, и претходно оваа недела бил испитуван но резултатите покажале дека станува збор за маларија.
Здравствените власти во Грција во четвртокот објавија тревога поради појавата на еболата, која досега ги однесе животите на над 900 лица во Западна Африка.