Балкан

Нема финансии за Грција додека не почнат да се спроведуваат реформите

Нема финансии за Грција додека не почнат да се спроведуваат реформите

Еврозоната нема да деблокира финансиски средства за Грција, пред земјата да започне да ги спроведува ветените реформи, изјави шпанскиот министер за економија Луис де Гиндос, пренесува МИА.

– Ќе се види дали списокот со реформи е целосен. Нема да има никакво плаќање пред да се изврши проверка, која ќе покаже дека реформите се одобрени и започнати, истакна Гиндос во интервју за британскиот весник „Фајненшал тајмс“.

Неговата изјава противречи на тврдењето на грчкиот премиер Алексис Ципрас дека исплаќањето на европската помош ќе започне штом Грција ќе им го поднесе новиот список со реформи на кредиторите.

Во Берлин денеска ќе се оствари средба меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и Ципрас, посветена на грчкиот долг.