Нема хемотерапија за болни од рак, но за Таравари е важно што немало албански ора на Суперкупот

Министерот за здравство Арбен Таравари наместо да обезбеди лекови за рак кои во моментов ги нема, се занимава со ора, игри и националистички изјави.

Апсурдно но вистинито, Таравари се обиде да скандализира и политизира играорци, односно церемонијата на отворањето на супер купот кој се одигра во Скопје, на која настапија десетици млади играорци од Македонија со сплет од ората „Малешевка“ и „Копачка“.

taravari-lek-640x438

Нивниот настап според пишувањата на медиумите помина со одличен прием и забележан е од сите над 200 земји кои го пренесуваа натпреварот. Но, тоа што се промовира македонската култура во светот и што играорците како наши докажани амбасадори уште еднаш се покажаа во најдобро светло, беше проблем за некои политичари.

Наместо културата да обединува и на настапот одобрен од УЕФА да се гледа како уметност и презентација на македонската традиција, ваквите неодговорни политичари се обидоа да собираат политички поени кај националистичките кругови во нивниот електорат и го скандализираа настапот на играорците.
„Минатата ноќ во нашата земја имаше шампионски натпревар, кој поради организаторите се претвори во губитнички натпревар! Не оставајќи ја настрана одговорноста на највисоките институции на меѓународниот фудбал, кои имаат континуирана кампања за борба против расизмот, локаните организатори ја скриле, изгубиле, исклучиле една од најважните етнички групи не само во оваа земја, но и во самата Европа, како што е албанската националност. Албанците, со еден од најстарите јазици на континентот, единствениот наследник на познатите илири, се првите намесници на првата дамнешна (или античка) европска цивилизација. А особено на Македонците кои се чини дека ја сакаат антиката ќе им направеше чест оваа работа!“, вели Таравари.

Во меѓувреме, хаосот кој владее во здравството откако на чело на ресорот е Таравари е се поголем и поголем. Незаконските смени на директори, премислувања за истите, поставување директори со криминални досиеја за поткуп, спората реакција за мистериозната треска од Гостивар во која имаше двајца мртви и последно јавното признание дека се доцни со набавка на лекови за хемотерапија се само дел од проблемите кои ги мачат граѓаните. Но, наместо да се занимава со тоа, Таравари е опседнат затоа што не се заиграла шота пред почетокот на натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

ЗА ОСМАНИ УЕФА ЗАБОРАВИЛА ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е МУЛТИЕТНИЧНА

Свечената церемонија ја коментираше и министерот Бујар Османи од ДУИ кој напиша дека организаторите на уметничката програма заборавиле дека Македонија е мултиетнична држава. Дополнително побара ФФМ да се објаснела, иако организатор на Европскиот Супер Куп е УЕФА која патем ги одобрува сите елементи кои се дел од организацијата на ваквите натпревари.

Османи е познат како политичарот кој напати соопштувал дека ДУИ не се пронаоѓа во македонската химна и знаме кои, исто како и „Малешевка“ и „Копачка“ не го рефлектирале мултиетничкиот карактер.