Нема информации за настрадани Македонци во нападот во Минхен

Властите во покраината Баварија и федералните германски власти не даваат информации за идентитетот на загинатите и повредените во нападот во Минхен, но според организациите на Македонците во Германија засега нема сознанија за македонски граѓани меѓу настраданите во терористичкиот напад.

Според германската полиција, податоците за жртвите на нападот ќе бидат споделени со јавноста откако ќе заврши акцијата на германските безбедносни служби и прецизно ќе се дознае идентитетот на загинатите и повредените.

Најверојатно германската полиција во текот на утрешниот ден ќе даде повеќе информации за напаѓачите и за жртвите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.