Нема кодоши меѓу кандидатите на листите за пратеници

Нема соработниците на тајните служби меѓу кандидатите на листите за пратеници на вонредните парламентарни избори.  Според Комисијата за верификација на фактите, податоците добиени од УБК, Државниот архив, Агенцијата за разузнавање и Службата за разузнавање при Министерството за одбрана, во нивната евиденција не е пронајден ниту еден кандидат кој соработувал со тајните служби.

Од вкупно 1.402 кандидати на 14-те листи, сега се проверени 850, додека останатите 552 претходно биле проверувани.

Портпаролот на Комисијата Предраг Димитровски за МИА вели дека членовите на Лустрациска имаат законски можности да покренат постапка доколку во иднина некој од кандидатите биде пронајден во други документи што ќе бидат предмет на обработка, но посочува дека за тоа шансите се мали имајќи предвид дека поголем број од кандидатите се млади лица или на возраст кога не би можеле да бидат соработници со тогашните тајни служби.

Лустрациска во текот на денот ќе достави до Државната изборна комисија известување дека меѓу кандидатите нема соработици со тајните служби.