Македонија

Нема кожни или инфективни заболувања кај мигрантите во „Гази Баба“

Нема кожни или инфективни заболувања кај мигрантите во „Гази Баба“

Од Министерството за здравство информираат дека по извршената посета на Прифатниот центар за мигранти во Гази Баба, од страна на тимот доктори-специјалисти по инфектологија и дерматовенерологија, констатирано е дека кај мигрантите во центарот нема појава на кожни или инфективни заболувања.

„Лицата кај кои во изминатиот период имало појава на шуга или вошливост, се соодветно третирани со потребната медицинска терапија (медицински препарати, креми, шампони), и на тој начин е спречено ширење на овие заболувања во епидемиски размери. Во Прифатниот центар е постојано присутна екипа од доктор и медицинска сестра ангажирани од Црвениот крст, кои се снабдени со потребната медицинска терапија и лекови, и континуирано ја следат здравствената состојба на лицата во центарот. Доколку има потреба од медицинска интервенција на повисоко ниво, истите се транспортираат до соодветната здравствена установа. Превентивно, денеска во Прифатниот центар се врши дезинфекција, дезинсекција и дератизација од страна на екипа на Центарот за јавно здравје – Скопје“, посочуваат од министерството.