И Горан Драгиќ го откажа учеството на ЕП

Драгиќ и "откажа" љубов на својата репрезентација

Иако најдобриот словенечки кошаркар одреден период тактизираше околу настапот, сепак откако потпиша нов договор со Мајами, реши целосно да се посвети на обврските во својот клуб.

По заедничките консултации на Пет Рајли со Горан Драгиќ, беше донесена заедничка одлука Драгиќ воопшто да не настапува на Евробаскет 2015, беше објавено денеска.

Отсуството на Драгиќ е најнов во низата проблеми на селекторот Здовц, кој нема да може да смета ниту на Видмар и Николиќ, како и без Американецот Данстон, чија документација за добивање на словенечки пасош не беше комплетирана навреме.