Нема кворум, седницата за измени во изборниот законик одложена за 15 часот

Поради немање кворум, претедателот на Собранието Талат Џафери седницата на која на дневен ред се измените на Изборниот законик ја одложи за 15 часот.

На седницата не присуствуваат пратениците од опозицијата кои се изјаснија дека не се согласуваат со предложените измени бидејќи се носат без консултации и без нивна поддршка.

Од пратеничката група на СДСМ, пак, порачаа дека измените се носат поради блокадата од ВМРО-ДПМНЕ врз постапката за избор на членови на ДИК.