Македонија

Нема листерија во погоните на Екстра меин

Нема листерија во погоните на Екстра меин

Јавната здравствена установа Институт за јавно здравје на Република Македонија до Екстра Меин достави дел од извештаите од тестирањата на земените мостри и брисови од вонредниот увид во фабриката и сите се негативни на бактеријата листерија моноцитогенес.

Агенцијата за храна и ветеринарство за потребите на анализата на 25ти јули брисови и мостри зема од машини, од машини во тек на производство, од амбалажа, од полуготов производ и слично.

До поплавните часови сите објавени анализи од Институтот се негативни на присуство на листерија моноцитогенес што значи дека производствениот погон на Екстра Меин не е контаминиран со бактеријата листерија.

Резултатите од останатиот дел од започнатата анализа до компанијата се очекува да биде доставен во текот на утрешниот ден. Исто така, за утре се очекуваат и резултатите од суперанализата на спорниот производ – вакумиран чаден сечкан свински врат, најден во малопродажен објект во Гевгелија.

Од Екстра Меин изјавуваат дека сите нивни производи, вклучително и сечканиот свински врат, се термички третирани, на температура од 73 до 79 Целзиусови степени, што значи загарантирано се уништува бактеријата листерија. Она што не е во нивниот домен и врз кое компанијата нема контрола е начинот на понатамошно чување на производите во малопродажбата откако ќе ја напуштат компанијата и нејзините капацитети.