Нема лоши вибрации помеѓу Гетлин и Кинезите

Американскиот спринтер Џастин Гетлин рече дека ја прифаќа одлуката на организаторите на атлетското натпреварување во Пекинг да го исфрлат од програмата.

Гетлин требаше да учествува на атлетското натпреварување во Пекинг, и тоа во трка на делницата 100 метри.

Како што наведе атлетичарот организаторите помалку од 24 часа пред почетокот му соопштиле дека е непожелен.

Гетлин кој што во два наврата беше суспендиран поради допинг, пред новинарите на аеродромот во Пекинг пред тргнувањето за Флорида рече дека бил „вознемирен“ поради недостатокот на почит.

Меѓутоа, тој на својот Твитер профил наведе дека се радува на заминувањето во Пекинг претстојниот август на Светското првенство.

“Ова беше емотивен ден, како и да е, се е во ред со мене и со организаторите, затоа што имаме одличен однос и се радувам што во август ќе учествувам на Светското првенство во Пекинг”, наведе Гетлин.

Организаторите на атлетското натпреварување “Светски предизвик” во Пекинг не го коментираа случајот на Гетлин.

Минатата недела на митингот на Дијамантската трка Гетлин во Доха го истрча најдобриот овогодишен резултат на 100 метри од 9,74 секунди.