Македонија

Нема настава во дел од селата од општина Долнени

Нема настава во дел од селата од општина Долнени

Според информациите од регионалниот Центар за управување со кризи, регионалните и магистралните патишта во Прилепско се проодни и сообраќајот се одвива непречено.

Снегот, посочуваат, созддаде проблеми во проодноста на локалните патишта, а нема настава во училиштата во дел од селата во општина Долнени.

Во општина Прилеп наставата редовно се одвива. Има скратени часови во селата Канатларци и Тополчани и прекин на електричната енергија во Мариово и во Тополчани. Што се однесува до општина Долнени, прекин на наставата има во дел од населените места. Сообраќајот не се одвива на патните праци од селата Дупјачани кон Небрегово и од селото Вранче кон Средорек. Причина за прекинот се скршени гранки и искинати жици со што има и делумно прекин во електричната енергија.

Проодни и расчистени се сите регионални и магистрални патишта во Прилепско, како и превојот Плетвар.