Нема настрадани Македонци во Минхен

Министерството за надворешни работи известува дека е во постојан контакт со надлежните институции во Германија и нема информации за повредени и/или загинати македонски државјани.

Воедно, Министерството за надворешни работи изразува длабоко сочувство за семејствата на сите загинати и повредени во терористичкиот напад во Минхен, Сојузна Република Германија.

За сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Германија, молиме да се обратите на дежурните телефони во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во Германија и во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, велат од МНР.

Генерален конзулат на Република Македонија во Минхен, СР Германија Лице за контакт: Блерта Сали Мобилен телефон: +491 763 063 50 87 Адреса: Brienner Straße 56, 80333 München Е-пошта:munich@mfa.gov.mk